
Кливленд го посрамоти Мајами - најголем дебакл во историјата на НБА плеј-офот! (ВИДЕО)
Резултатот на Флорида беше дури 138-83 во корист на гостинскиот тим и тоа е најубедливата победа на првиот фаворит на Истокот од дури 55 поени разлика.
Претходно Кливленд победуваше со 121-100 (21 поен разлика), 121-112 (девет поени разлика) и 124-87 (37 поени разлика).
Тоа е вкупно 122 во целата серија што е најубедливата разлика во историјата на еден НБА плеј-оф. Рекордот досега го држеа Лејкерс од 1986 година кога направија разлика од 109 поени во четири меча во доигрувањето.
Најдобар на паркетот беше Донован Мичел со 22 поени, додека на спортивната страна Никола Јовиќ го одигра најдобриот натпревар сезонава со 24 поени, пет скока и две асистенции.
Пред пласман во следната рунда е и Голден стејт кој со победата од 109-106 над Хјустон поведе со 3-1 во серијата.
На Хјустон не им помогна ниту одличниот настап на Турчинот Шенѓун кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 31 поен, десет скокови и пет асистенции. Вориорси беа предводени од Џими Батлер со 27 и Подзиемски со 26.
Фото: Cleveland Cavaliers/FB