Притисокот на Перез вроди со плод: Бенгоечеа не досуди два пенала за Барселона

Во текот на вчерашниот ден, Реал Мадрид преку својот претседарел Флорентино Перез изврши жесток притисок врз судиската постава за финалето од Копа дел Реј и очигледно е дека тој притисок засега успева.

Во почетната фаза од натпреварот, при еден контранапад на Барселона, топката беше свртена кон Феран Торес во шеснаесетникот, тој не успеа да ја стигне, но веднаш потоа со рака на неа играше Федерико Валверде кој буквално си ја смири.

 

 

Главниот судија Де Бургос Бенгоечеа само одмавна со раката и не покажа на белата точка што предизвика гнев кај сите во Барселона.