
Екс-фудбалер на Јувентус чува и дрес од Пандев: Тој е мој идол! (ВИДЕО)
Пелегрини во своето последно интервју ја прикажуваше и импресивната колекција на дресови која ја собрал низ кариерата и во која се наоѓаат дресови од имиња како Кристијано, Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ...но тука е и дресот на Пандев од времето кога настапуваше за Џенова.
„Горан Пандев е идол за мене и за многу навивачи на Лацио“, кратко објасни Пелегрини.