Рудигер направи хаос во „Ел Класико“, па сега - се извинува на Инстаграм! (ФОТО)
Рудигер беше заменет во 111. минута од натпрварот, а по завршувањето на средбата кон главниот судија на натпреварот фрли шише со мраз поради што заработи и црвен картон. За таквото однесување Германецот може да се соочи и со суспензија од дури 12 натпревари.
Во објава на Инстаграм, Ридигер ја призна својата грешка, нарекувајќи го своето однесување „неоправдано“ и изразувајќи жалење што не можел повеќе да помогне по 111 минути игра колку што помина на теренот. Исто така дефанзивецот испрати и извинување до судијата на натпреварот.

Покрај Ридигер, и Џуд Белингем и Лукас Васкез беа исклучени од игра. Според член 101 од Дисциплинскиот кодекс на Шпанската фудбалска федерација, Ридигер се соочува со можна суспензија од 4 до 12 натпревари, што би значело крај на неговата сезона во сите домашни натпреварувања, вклучително и Ла Лига.