
Ѓоковиќ е свесен дека крајот е блиску: Можеби го одиграв последниот меч во Мадрид!
Српскиот тенисер е свесен дека не игра во најдобра форма и очекувал да не му биде лесно против Италијанецот.
„Матео е многу добар и квалитетен играч. Знаев дека не ме чека лесна работа“, истакна Ѓоковиќ.
Веќе подолг период Ѓоковиќ не игра нивото на кое беше препознатлив во минатото и не знае дали некогаш повторно ќе се врати на тоа ниво.
„Таков е животот и кариерата. Сите знаевме дека ќе дојде до ова. Се обидувам тоа да го искористам како движечка сила. Секако, дека за мене грен-слем турнирите се најважни, но тоа не значи дека не сакам да освојам некој друг турнир. Не знам дали ќе можам да играм на највисоко ниво на Ролан Гарос, но сигурно ќе дадам се од себе“, одговори Новак на прашањето на новинарите.
Новак не е сигурен, меѓутоа денешниот меч можеби беше и негов последен во Мадрид.
„Ова можеби беше мој последен турнир во Мадрид. Не сум сигурен дали некогаш ќе се вратам. Секако ќе се вратам, но можеби не како играч. Се надевам дека не е така, но можно е“, изјави Ѓоковиќ.
Фото: EPA PHOTO