
Како вистински капитен: Модриќ одржал говор пред вечерашното финале!
Според шпанските медиуми Модриќ имал говор со кој сакал дополнително да ги мотивира своите соиграчи.
„Ќе одиграме голем натпревари ќе победиме, мораме тоа да го направиме поради нашите навивачи и така да ја затвориме устата на тие судии“, зборувал Модриќ, открива „Дефенс Централ“.
Модриќ во својот говор им потенцирал на соиграчите дека можеби и ќе ги очекуваат судиски непревди, но тие не треба да влијаат на нив.
Ќе потсетиме, пред денешното „Ел Класико“ во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека Реал Мадрид е незадоволен од изборот на судии и дека дури размислува да не го игра финалето, сепак тоа нема да се случи и „кралевите“ ќе истрчаат на терен.
Кога во прашање се составите Барселона ќе биде без Роберт Левандовски и Алехандро Балде, додека на Анчелоти му недостасуваат: Едер Милитао, Дани Карвахал и Едуардо Камвинга.