
Веднаш спектакл: Денвер на крилјата на Јокиќ до водство против Клиперс (ВИДЕО)
Гостите доминираа речиси цело прво полувреме, имаа и десет поени предност, но Јокиќ се налути и реши да не им ја даде победата. Се бореше како лав, постигна 29 поени, 12 асистенции и 10 скока, па дури и нацрта акција на таблата, при водство на противникот од 92-91, во финишот од основниот дел.
Имаше поддршка и од Ерон Гордон кој постигна 25 поени, Џамал Мареј со 21 и Расел Вестбрук со 15 поени, 8 скока и 4 асистенции). Сепак, на следните натпревари ќе мора тие да преземат поголем дел од одговорноста бидејќи синоќа Клиперс изгледаа далеку посвежи и поразновидни во нападот.
Кај нив, убедливо најдобар играч беше Џејмс Харден кој постигна 32 поена (15 во првата четвртина), а додаде уште 11 асистенции. Ивица Зубац се истакна со 21 поен и 13 скока, а Кавал Ленард додаде 22 поена, но загуби и седум топки.