Ѓокереш е машина - со гол од слободен удар комплетира нов хет-трик (ВИДЕО)

Виктор Ѓокереш оваа сезона игра во неверојатна форма, па така постигна три гола против Мореиренсе (3-1) во 30. коло од португалскиот шампионат.

Ѓокереш прво стрелаше во 12. минута, а потоа на средината на првото полувреме повторно се запиша во листата на стрелци. Неговиот хет-трик го комплетира со погодок од слободен удар во 52. минута.

Шведскиот напаѓач оваа сезона настапи на 46 натпревари, а притоа постигна 47 голови и 11 асистенции.