Екс-вардарката Лекиќ заминува во пензија (ВИДЕО)

Поранешната ракометарка на Вардар и српска репрезентативка Андреа Лекиќ реши да ја заврши кариерата на крајот на сезоната.

Лекиќ преку социјалните мрежи објави дека планира да се збогува со спортот, а притоа им се заблагодари на сите нејзини тренери, навивачи и колешки на теренот.

Искусната ракометарка го носеше дресот на „црвено-црните“ во период од 2013 до 2018 година, додека во кариерата играше и за Ѓер, ЦСМ Букурешт, Будуќност и Ференцварош.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Andrea Lekic (@lekicandrea)