Освои ЛШ со Барса, а сега е продавач во спортска продавница!

Поранешниот француски репрезентативец, Жереми Матје, кој во кариерата играше за Валенсија, Барселона, Спортинг Лисабон... сега работи во продавница како продавач во Интерспорт.

Фотографија од Жереми Матје стана вирална на социјалните мрежи. Таа покажува како поранешниот играч на Барселона паднал до степен да биде продавач во продавница за спортска опрема.

Тој со Барса двапати ја освои Ла Лига, триумфираше и во Лигата на шампионите, а сега работи како продавач во Интерспорт.

Францускиот дефанзивец кариерата ја заврши во 2020 година, нејасно е што му се случило во меѓувреме, каде ги загубил заработените пари. 

Фото: EPA photo