Гвардиола го плати 62 милиони евра, а сега за него вели - не е доволно паметен!

Манчестер сити во летниот преоден рок во 2023 година за 62 милиони евра од Вулверхемптон во своите редови го доведе Матеус Нуњеш кого Пеп Гвардиола го користи на различни позиции, а по дербито со градскиот ривал, Манчестер јунајтед шпанскиот стратег даде една интересна изјава.

Гвардиола само во оваа сезона на Нуњеш му промени неколку  позиции на теренот, но се помалку го користи во средниот ред каде што игра во дресот на португалската репрезентација. Во средината за Манчестер сити сезонава Португалецот одигра осум натпревари, но Гвардиола сега вели дека не е доволно паметен да игра таму, па затоа повеќе го користи во одбраната на десната страна.

„Има физички предиспозиции да стане добар десен бек. Мислам дека не може да биде најкорисен во средниот ред затоа што не е доволно паметен и смирен. Најверојатно и понатаму најчесто ќе го користам како десен бек. Тука навистина многу ни помогна“, изјави Пеп.

Нуњеш сезонава Гвардиола го играше како дефанзивен и офанзивен играч во средниот ред и во одбраната и напред на десната страна.

Освен Манчестер сити и Вулверхемптон, Њуеш во кариерата настапуваше уште за Ерицеренсе и Спортинг во Португалија каде што живее од 13 години по преселбата од Бразил.

Фото: EPA PHOTO