Модриќ има два приоритета до крајот на кариерата

Според „Марка“ хрватската фудбалска икона има две цели до крајот на кариерата кои може да ги исполни следната сезона.

Целите на Лука Модриќ се да се пензионира во Реал Мадрид и да игра на Светското првенство 2026 со Хрватска, што ќе биде и негов последен Мундијал.

Модриќ уште не потпишал нов договор со Реал Мадрид, но се верува дека тоа може да се случи наскоро со оглед на неговата добра форма оваа сезона. Тоа би бил едногодишен договор.

Ако го продолжи договорот со Реал Мадрид, голема е веројатноста идната сезона да биде и негова последна во кариерата. Ќе се пензионира на високо ниво, а последниот настап ќе му биде со Хрватска на СП.