
Раниери нема да ја води Рома: Сакам да видам и нешто друго пред да умрам
Раниери во својата кариера тренираше бројни гиганти, но како најголем успех ќе се памети неговата сензационална титула со Лестер во Премиер лигата.
Во Рома која ја водеше во минатото се врати да помогне и добро му оди, буквално го препороди тимот. Се до вчерашното реми со Јувентус тимот беше во серија од седум победи во низа со што влезе во сериозна битка за местата кои водат во Лигата на шампионите со: Аталанта, Болоња, Јувентус, Лацио и Фиорентина.
Поради тоа Рома секако сака тој да остане, меѓутоа искусниот стратег сега нема да ја промени својата одлука.
„Кога минатата година завршив со Каљари бев сигурен дека ќе останам во пензија засекогаш. Пристигнуваа понуди, но ги одбивав. Знаев дека можам да се вратам само ако дојде повик повторно од Каљари и од Рома. Кога Де Роси доби отказ, а пристигна Јуриќ мислев дека нема да бидам потребен. Но, кога стигна повикот не можев да кажам „не“. Сепак, сега сум сигурен дека на крајот на сезоната заминувам во пензија и тоа засекогаш. Пред да умрам сакам да видам и работи надвор од фудбалот, моето време поминува и мислам дека тоа е фер“, изјави Раниери.