
Меси со магичен гол со волеј му донесе бод на Интер, па прослави - еуфорично (ВИДЕО)
Торонто поведе во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме преку Бернардески, но веќе три минути подоцна, аргентинската ѕвезда ја врати рамнотежата на резултатот. Аргентинецот погоди со магичен удар со волеј од линијата на шеснаесетникот, па потоа прослави еуфорично, што е помалку невообичаено за него. Интер Мајами во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата со 14 бодови и натпревар помалку од водечкиот Коламбус кој има 15.
Покрај домашното првенство, Интер Мајами продолжува и со настапите во КОНКАКАФ Лигата на шампиони, каде што има негатива од 0-1 по првиот натпревар против Лос Анџелес.