
Сензационална вест од Шпанија: Манчестер сити сака да ги сруши сите рекорди за Јамал!
Звучи невозможно Барселона да си дозволи да остане без Јамал, но се тврди дека на „Етихад“ подготвуваат понуда која би можела да ги натера во каталонскиот гигант да размислат.
Наводно, гигантот од Манчестер е подготвен да понуди сума од 275 милиони евра и тоа би било апсолутен рекорд во фудбалот. Во текстот се наведува дека клубот во Јамал гледа фудбалер околу кој би можеле да го градат тимот во наредната деценија, па и повеќе.
Spanier berichten: Die „Skyblues“ bieten unglaubliche 275 Millionen Euro für Barcelona-Star Lamine Yamal – das wäre ein neuer Weltrekord! pic.twitter.com/vVBHZ3Jg01
— Kronen Zeitung (@krone_at) April 7, 2025
Барселона нема намера да го продаде својот „бисер“, меѓутоа тука се и финансиските проблеми кои Лапорта не ги решил во целост, а со оваа сума би се решиле многу отворени прашање.
Ќе потсетиме, рекордот за еден трансфер во овој момент се уште го држи Нејмар со преселбата во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра, зад него е Мбапе исто така со трансфер во Париз од 180 милиони евра, а потоа доаѓа Кутињо кој за 135 милиони евра направи трансфер од Ливерпул во Барселона.