
Ван Дајк со кратка изјава ги израдува навивачите на Ливерпул
Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул истекуваше по крајот на оваа сезона и се чинеше дека тој е блиску до заминување од клубот.
Но, според неговите зборови, во меѓувреме се случува пресврт и можно е тој да остане.
„Има прогрес во преговорите. Тоа се интерни разговори, го сакам клубот, го сакам Ливерпул, ги сакам фановите“, рече кратко Ван Дајк.