Фуксе Берлин го реши Кјелце и со една нога е во четвртфинале!

Ракометарите на Фуксе Берлин остварија убедлив триумф на гостувањето кај Кјелце (33-27) во Полска во битката за четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кјелце беше подобар тим на паркетот во првото полувреме и заслужено на полувремето замина со водство од 14-12, но гостите од Берлин влегоа во одличен ритам во вторите 30 минути.

Фуксе Берлин се разигра и беше ефикасен во нападот, односно постигна дури 21 погодок, додека одбраната беше на висина на задачата и дозволи само 13 голови на ривалот за триумф во мечот од 33-27.

Ласе Андерсон постигна дури 13 погодоци за Фуксе Берлин, додека Дилан Наи запиша само шест голови за Кјелце.