Барселона во сериозни проблеми за натпреварот со Осасуна

Каталонскиот гигант Барселона утре ќе се пресмета со Осасуна во 27. коло од шпанската Ла Лига, а тренерот Ханси Флик потврди дека ќе биде без најдобриот фудбалер.

Флик потврди дека не може да смета на Рафиња, кој се враќа денеска во Барселона по настапот на дербито меѓу Аргентина и Бразил.

Во составот, покрај Рафиња, нема да биде ниту Роналд Араухо кој се враќа од Уругвај, додека Пау Кубарси ќе остане на клупата за резерви затоа што се повреди на дуелот меѓу Холандија и Шпанија.

Барселона се наоѓа на првото место со 60 бодови и подобра гол-разлика од Реал Мадрид, но има одиграно и еден меч помалку од вечниот ривал.