Анчелоти ѝ се закани на Ла Лига: Последен пат играме вака

Иако Реал го победи Виљареал и привремено се искачи на првото место на табелата во Ла Лига, тренерот Карло Анчелоти не го криеше својот бес поради тоа што неговиот тим мораше да игра вечерва.

Во средата „кралевите“ се сретнаа со Атлетико Мадрид во реванш осминафиналниот меч од Лигата на шампионите и мораа да играат 120 минути, плус пенали, а неполни 72 часа подоцна гостуваа на Ел Мадригал. Анчелоти предупреди на тоа уште на вчерашната прес-конференција, а повторно го изрази својот револт и вечерва.

„Ова е последен пат да играме натпревар кој ни е закажан на помалку од 72 часа од претходниот. Два пати ја замоливме Ла Лига да играме во друг термин, но тоа не беше прифатено. Следниот пат нема да се појавиме на теренот, нема да му дозволиме на Тебас да ја силува лигата“, се закани италаијанскиот стручњак.

Поради заморот на играчите, тој одлучи да ги остави на клупа Модриќ и Винисиус и тие не беа дел од стартната постава, но влегоа во игра во второто полувреме. Неговите играчи изгледаа исцрпени на теренот, често бараа паузи за да се одморат, но на крајот победија со 2-1.