
Јунајтед ќе се обиде да ја украде ѕвездата на Барса – веќе испратиле понуда!
Бразилецот, кој се истакнува со брзина, дриблинзи и способност за постигнување голови од различни позиции, се смета за идеално решение за напаѓачките проблеми на „ѓаволите“. Рафиња сезонава има постигнато 27 гола и има 21 асистенција во сите натпреварувања во дресот на Барселона. Неговите одлични настапи привлекоа внимание од бројни европски клубови, но Манчестер Јунајтед е единствениот што досега доставил конкретна финансиска понуда.
Неговиот договор со каталонскиот клуб трае до јуни 2027 година, но Барселона би можела да ја прифати понудата поради финансиските проблеми со кои се соочува, наведуваат британските медиуми. Бразилскиот репрезентативец пристигна на „Камп Ноу“ во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра.