ФФМ во знак на почит ги одложи пријателските средби на кадетите со Естонија!

Откако вчера ги откажа сите настани во земјава, Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе уште две нови одлуки.

„Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. 

Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. 

Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, соопшти ФФМ.

Денеска официјално почнуваат подготовките за првите квалификациски дуели на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија за пласман на Светското првенство во 2026 година. На 22 и 25 март, нашиот национален тим се среќава со Лихтенштајн и Велс.