
Годините не го смирија: Рамос намерно клоцна противник и доби црвен картон (ВИДЕО)
Искусниот дефанзивец, кој во текот на кариерата често знаел да реагира импулсивно, беше исклучен во 91. минута од натпреварот против Пумас.
Во ситуација кога Монтереј веќе водеше со 3-1 и победата беше обезбедена, Рамос го шутна противничкиот фудбалер Мартинез Ајала, што му донесе директен црвен картон од главниот судија.