Меси се повреди и нема да игра против Бразил и Уругвај!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси постигна прекрасен гол против Атланта, меѓутоа се повреди и поради тоа ќе мора да ги пропушти следните два натпревари на неговата репрезентација.

Меси отпадна од списокот на селекторот Лионел Скалони за дуелите против Уругвај и Бразил во март, па така Аргентина ќе мора да настапи без најдобриот фудбалер.

Претходно од составот отпадна и Нејмар, кој требаше да се врати во репрезентацијата по пауза од година ипол.