
Паника на „Итихад“: Халанд сака да го напушти Манчестер сити!?
„Граѓаните“ играат многу лошо оваа сезона и останаа без титулата во Премиерлигата и Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа го разочара Халанд кој би можел да замине во Шпанија.
„Ел Насионал“ пишува дека Халанд во текот на летото ќе побара трансфер доколку „граѓаните“ не обезбедат пласман на позиција која води во ЛШ, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.
Реал веќе има одличен состав, но би можел да го дополни со Халанд кој би заиграл во ист тим со Килијан Мбапе.