
Антонио: Бев блиску до смртта, но победив и сакам пак да играм фудбал
Антонио кажа дека бил блиску до смртта, но успеал да победи и сака повторно да се врати на фудбалскиот терен.
„Мојата нога беше целосно уништена, чекав долго за да ме извадат од автомобилот. Додека чекав спас, сфатив колку блиску бев до смртта. Ги видов сликите, во живо беше многу полошо. Ова е најтешката повреда во мојот живот, но сакам да му се вратам на фудбалот. Не знам кога ќе биде тоа, но сакам да играм фудбал“, кажа Антонио.