Ристовски пред заминување од Динамо - не ја прифаќа понудата за нов договор

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски најверојатно претстојното лето ќе си змаине од Динамо, по четири години поминати во клубот.

Неговиот договор истекува во јуни, а хрватските медиуми тврдат дека не ја прифатил понудата за продолжување на соработката. Според нив, причините се од финансиска природа бидејќи Ристовски во моментов има плата од 700 илјади евра по сезона, а Динамо му понудил намалување за една третина, односно меѓу 450 и 500 илјади.

Освен тоа, нашиот фудбалер, наводно, не е задоволен од минутажата која ја има последните недели иако тоа не е многу веројатно, имајќи ги предвид бројките и неговиот статус во клубот. Против Ријека во февруари остана цел меч на клупа, претходно два пати влегуваше како резерва, но завчера против Локомотива одигра 76 минути и тоа како капитен на екипата.