Пеколна ждрепка: Ѓоковиќ го дозна распоредот во Мајами

Организаторите на мастерсот во Мајами ја објавија ждрепката за турнирот, при што Новак Ѓоковиќ го дозна распоредот на натпревари.

Ѓоковиќ во првото коло е слободен, додека во второто треба да се соочи со подобриот од мечот меѓу Хамад Меѓедовиќ и Ринки Хиџиката.

Во трето коло би можел да игра против Алекс Микелсен, додека во осминафиналето најверојатно ќе се соочи против Феликс Оже-Алиасим или Лоренцо Музети.

Доколку го помине тоа коло, тогаш проекцијата е дека ќе игра против Медведев или Циципас во четвртфинале, а на патот до титулата го чека пекол.

Можни ривали во полуфиналето му се Алкараз, Руд, Пол или Димитров, додека во финалето би можел да игра против Зверев, Фриц, Рубљев или Дрејпер.