Обединети во тага: Репрезентативците го имаа првиот тренинг (ФОТО)

Македонските репрезентативци денеска се собраа за почетокот на подготовките за квалификациските натпревари за Светското првенство (СП) 2026 против Лихтенштајн и Велс, но фудбалот овие денови е во втор план по страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица.

Ужасната трагедија во Кочани ги потресе сите во Македонија, а тоа можеше да се забележи и кај фудбалерите за време на собирот во хотелот „Хилтон“, а потоа и на тренинг.

„Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“, објави ФФМ.