Навивачите на Хајдук со димни бомби го прекинаа мечот против Ајакс (ФОТО)

Натпреварот меѓу Хајдук Сплит и Ајакс беше прекинат во завршницата, откако навивачите на хрватскиот клуб со димни бомби го наполнија целиот стадион со густ чад.

Поради намалената видливост, судијата мораше да ја прекине играта додека не се создадат услови за продолжување на натпреварот.