Барселона го „сомле“ Динамо Букурешт, ГОГ го „нокаутира“ Кристијанштад

Ракометарите на Барселона ја запишаа четвртата победа по ред во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва тримфираа со 36-22 против Динамо Букурешт, а до победа стигна и ГОГ против Кристијанштад со 39-30.

Барселона немаше милост за Динамо Букурешт, па во првото полувреме му даде дури 20 голови, додека во вториот дел го намали темпото, но продолжи да ја зголемува предноста во однос на ривалот која достигна +14 (36-22).

Н’Гесан постигна шест голови за Барселона, додека Мем и Баруфет постигнаа по пет погодоци.

ГОГ одигра ефикасен дуел против Кристијанштад, на кој беа постигнати дури 69 голови, а на крајот славеше домашниот тим со 39-30.

Фото: Facebook/FC Barcelona Handbol