Инфантино се извини за спорниот план, но УЕФА не отстапува од барањата!

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино се соочи со нови критики на состанокот на Советот на организацијата во Цирих, каде што се извинил затоа што претходно не ги запознал членовите со планот да отстапи дел од правата на Светското првенство на приватни инвеститори.

Извинувањето на Инфантино, сепак, не го намали незадоволството кај фудбалските експерти, кои сметаат дека тој мора да го напушти кормилото на ФИФА.

Меѓу најгласните критичари е претседателската на Фудбалската асоцијација на Англија, Деби Хјуит која смета дека Инфантино мора да одготови на прашањата и да ги открие сите детали за спорниот проект.

Европската фудбалска унија (УЕФА) побара да бидат објавени сите документи за планот, но засега такво нешот не се случи.