Елмас блескаше, Аталанта со победа ја отвори Конференциската лига (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот прв гол во дресот на Аталанта и беше еден од играчите што го одбележаа триумфот на италијанскиот тим над кипарски Пафос со 3-1 во Лигата на конференции.

Елмас погоди уште во првата минута од натпреварот, по одлична акција на домаќините. Џакомо Распадори ја започна акцијата, Џанлука Скамака паметно ја пропушти топката, а македонскиот фудбалер се најде на вистинското место и ја смести во мрежата за рано водство на Аталанта.

За Елмас ова е посебен момент, бидејќи конечно го запиша првенецот за клубот од Бергамо. Македонецот доби шанса во почетниот состав и веднаш покажа дека може да биде важен дел од тимот.

Аталанта продолжи со офанзивната игра, па во 18. минута Џакомо Распадори реализираше пенал за 2-0. Пред крајот на првото полувреме, во 44. минута, Џанлука Скамака зголеми на 3-0 по асистенција на Шарл Де Кетеларе.

Пафос успеа да постигне почесен гол во 88. минута преку Биел, но тоа не ја загрози победата на италијанскиот состав. Елмас го напушти теренот во 80. минута, откако одигра одличен натпревар и го одбележа со својот прв погодок во дресот на Аталанта.

РЕЗУЛТАТИ

Аталанта - Пафос 3-1
Бран - Линколн 2-1
Брајтон - Кауно 4-0
Копенхаген - Брага 3-0
Фрајбург - Јаблонец 3-2
Хартс - Нордсјиланд 1-1
Сент Труден - Иберија 2-0
Твенте - Тун 1-0