Алварез во трансфер од над 100 милиони евра може да се врати во Англија?

Eкипата на Ливерпул не успеа да го продолжи походот кон освојување на нов трофеј во Лигата на шампионите, а во клубот наводно веќе размислуваат и за летниот преоден рок.

Наводно, на радарот на „црвените“ е Хулијан Алварез, поранешниот фудбалер на Манчестер сити и сегашен на Атлетико Мадрид.

Аргентинецот сезонава игра фантастично во дресот на „јорганџиите“ и би можел да добие прилика да се врати во Премиер лигата.

Атлетико за него плати 75 милиони евра, но со оглед на настапите сигурно дека нема да го пушти за таа сума и ќе бара повеќе.

Од друга страна најавите се дека Ливерпул е спремен да плати и над 100 милиони евра, сепак неговиот договор со Атлетико има важност до 2030 година и клубот од Мадрид сигурно нема да брза.

Сезонава во дресот на Атлетико, Алварез постигна десет погодоци на 27 натпревари во Ла Лига.