Челси го плати 120 милиони евра, а сега сака да го смени со фудбалер на Реал?

Eнцо Фернандез во редовите на Челси пристигна кон крајот на јануари минатата година за 121 милиони евра од Бенфика, но на „Стенфорд Бриџ“ не ги исполни очекувањата.

Сега дел од медиумите на Островот пишуваат дека Челси ја разгледува опцијата да го замени Фернандез со Французинот од редовите на Реал Мадрид, Орлиен Чуамени.

Наводно, Реал Мадрид веќе некое време е заинтересиран за 24-годишниот фудбалер на Челси, а Челси би можел да го искористи да добие ново име во средниот ред.

Сезонава Фернандез зад своето име има пет голови и девет асистенции на 34 натпревари што е премалку за играч платен 121 милиони евра, меѓутоа Анчелоти верува дека може подобро да се вклопи во неговиот систем.

Чуамени од друга страна со Реал Мадрид има договор до 2028 година и се проценува на 80 вредност од 80 милиони евра.