Иско го потопи Реал Мадрид, па му се извини!

Иско беше главниот играч на Бетис во денешната победа над Реал Мадрид, поранешниот играч на кралскиот клуб имаше гол и асистенција.

Кога го постигна голот за 2-1 од пенал, Иско се радуваше, не покажа почит за Реал Мадрид каде помина дури девет години од кариерата.

По натпреварот тој му се извини на кралскиот клуб и на фановите за неговиот гест.

„Му се извинувам на Реал Мадрид, им се извинувам и на фановите за мојата прослава. Многу сум му благодарен на Реал Мадрид и тие секогаш ќе бидат во моето срце“, изјави Иско.