Револуција во фудбалот: Воведено правило кое ќе ги налути голманите!

Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) прифати ново правило кое се однесува на голманите и дефинитивно нема да им се допадне затоа што повеќе нема да можат да трошат време.

Доколку голман ја држи топката повеќе од осум секунди, судијата ќе може да додели корнер за противничката екипа.

Ова правило веќе беше одобрено од ИФАБ и истото ќе важи од почетокот на следната сезона.