
Ристовски: Верувам дека пак ќе соработуваме со Мукаетов
Прв на Собранието се обрати актуелниот министер за спорт во Владата на Република Македонија, Борко Ристовски кој му се заблагодари на досегашниот прв човек на македонскиот ракомет.
„Сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател на РФМ за овие успешни 12 години. Парите се важни, но времето кое го посвети претседателот е најважниот сегмент. Верувам дека и во иднина ќе соработуваме со Мукаетов, можеби во некоја друга спортска институација. Министерството ќе соработува и со новите структури и спремни сме дополнително да помогнеме на спортот број еден. Во еден партнерски однос верувам дека ќе изградиме и нова спортска сала на ракометната централа“, порача Ристовски.
Мукаетов стана претседател уште во деновите кога сегашниот министер беше активен ракометар и еден од најзначајните членови на македонската репрезентација, па оттука добро знае како е да се соработува со него.