Ако Консеисао добие отказ, прв фаворит за клупата на Милан е - Фабрегас

Сержо Консеисао по се изгледа нема долго да издржи на клупата на Милан, како последица на лошите резултати на тимот во Серија А.

Португалецот го освои трофејот во Суперкупот, се уште е во игра за пехарот во Купот на Италија, но постојат големи изгледи да не се пласира во Лигата на шампионите идната сезона, што со неодамнешната елиминација од истото натпреварување, ќе биде уште еден голем неуспех. Консеисао пред два дена првпат зборуваше за можноста да си замине од Милан, па веќе почнаа шепкулациите за тоа кој би можел да го замени.

Газета дело спорт тврди дека прв фаворит за позицијата е актуелниот тренер на Комо, Цеск Фабрегас кој врши одлична работа во својот сегашен клуб. Откако лани го внесе тимот во Серија А, сезонава оствари неколку фантастични резултати, а цела Италија е воодушевена од начинот на игра на Комо чија главна интенција е да ја држи топката во свој посед.

Покрај Фабрегас, во комбинација се уште Маурицио Сари и Роберто де Ѕерби, првиот поради неговото искуство, а вториот поради тактиката која ја користи на своите натпревари.