
Македонската репрезентација со Симиќ против Полска
Селекторот Александар Јончевски го вклучи тимот Теодор Симиќ кој поради болест не играше во Естонија. Неговата состојба сега е подобрена и вечерва ќе игра како замена за кошаркарот на ТФТ, Страхил Николов кој отпадна од конкуренција.
Со оглед на тоа што натпреварот против Полска нема големо резултатско значење, се очекува 21-годишниот центар да има нешто поголем простор за игра. Најавено е дека во тимот ќе бидат Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ, но ќе имаат лимитирана минутажа.