Преговорите започнале: Ван Перси пред нов тренерски ангажман

Холанѓанецот Робин Ван Перси е многу блиску да стане нов член на стручниот штаб на Феенорд, пренесуваат медиумите во неговата земја.

Феенорд го елиминираше Милан во плеј-офот од Лигата на шампионите, но е во потрага по нов стратег бидејќи на неколку дена пред дуелот со „росонерите“ отказ доби Брајан Приске.

Ван Перси оваа сезона влезе во тренерските води, презимајќи го Херневен каде што има солидни резултати, па така го привлече вниманието. Според последните информации преговорите помеѓу Феенорд и Ван Перси се во завршна фаза.

Феенорд во овој момент е предводен од Паскал Бошарт кој седна на клупата како привремено решение по заминувањето на Приске.

Интересно е што постои можност во осминафиналето Феенорд да се соочи со Арсенал, клубот каде што Ван Перси помина фантастичен период од својата кариера  како фудбалер пред да се пресели во Манчестер јуанјтед.