Хајдук може да остане без Гатузо: Италијанецот добил понуда од Серија А

Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо би можел да се врати во италијанскиот фудбал бидејќи за него наводно интерес покажала Рома.

Римскиот клуб до крајот на актуелната сезона ќе биде предводен од Клаудио Раниери кој потоа ќе презема само директорска функција во клубот. Последните информации од Италија говорат дека Гатузо котира високо на листата желби на раководството на „волчицата“.

На клупата на Хајдук, Гатузо пристигна минатата година и сезонава е во битка за титулата. Претходно во Италија ги предводеше екипите на Палермо, Пиза, Милан и Наполи.

Гатузо за неговата иднина и наводната понуда од Рома доби прашање и на прес-конференцијата пред Истра:

„Ајде ние да разговараме за Истра, не е е време за Рома“, одговори Гатузо.