Алкалоид пред нов предизвик - гостува кај италијански Бриксен!

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид им се враќа на европските обврски, односно гостува кај италијански Бриксен во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Алкалоид без потешкотии стигна до осминафиналето на Европскиот Куп, а денеска ќе влезе како фаворит и во дуелот против Бриксен, со цел да ја потврди одличната форма во која се наоѓа.

Екипата од Автокоманда на патот до осминафиналето досега ги „нокаутира“ Клаипеда Драгунас и Вест Виена, додека Бриксен беше подобар од Х71 и Ловосице.

Правдата на натпреварот ќе ја делат судиите Ивес Шолс од Холандија и Стефен Мертенс од Белгија, а дуелот се игра вечерва од 19 часот.