Мерино херој, Арсенал го реши Лестер и продолжи да го „брка“ Ливерпул (ВИДЕО)

Eкипата на Арсенал благодарение на Шпанецот, Микел Мерино славеше победа над Лестер од 0:2 во рамките од 25. коло во Серија А.

Првото полувреме не донесе премногу возбудлив фудбал, двете екипи упатија само по еден удар во рамките од голот, па така и мрежите мируваа.

Вториот дел донесе нешто побрза игра, а клучниот потег Артета го направи со внесувањето во игра на Микел Мерино на местото на Стерлинг во 69. минута. Шпанецот, прво во 81. минута го искористи нафрлувањето од Енванвери и погоди за 1-0. Постигна Мерино и втор гол само шест минути подоцна, сега по асистенција на Тросар.

На табелата, Арсенал сега дојде до 53 бода, четири помалку од лидерот Ливерпул кој има и натпревар помалку.