![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/15/248515-kamila-rast-donese-prvo-zhensko-zlato-za-shvajcarija-na-sp-po-34-godini.jpg?itok=q021FLpm)
Камила Раст по 34 години донесе злато за Швајцарија на СП, Атанасовска не ја заврши трката
Раст возеше последна и го бркаше водството на Венди Холендер, па така со капиталот од првата трка дојде до најдобар резултат и пласман на подиумот. Тандемот на Швајцарија освои злато и сребро, Холендер заврши на втората позиција.
Златниот медал за Швајцарија е прв по 34 години и златото кое го освои Фени Шнајдер. Третото место и припадна на Катерина Линсебергер со 1.32 секунди задоцнување.
Денеска настапи и македонската претставничка Јана Атанасовска која не ја заврши трката.