
Фенербахче убедливо го победи Андерлехт, гостински триумф на Сосиедад (ВИДЕО)
Жозе Мурињо и Фенербахче слават голем триумд, турскиот гигант го надигра и го победи Андерлехт.
Со голови на Тадиќ и Џеко во првото полувреме Фенер водеше со 2-0. Во вториот дел погоди и Ен Несири за конечни 3-0.
Реал Сосиедад со голови на Мендез и Кубо со 2-1 победи на гостувањето кај Митјиланд.
Ајакс имаше уште подобар резултат, тие со 2-0 триумфираа на гостувањето кај Ројал Унион.
Покрај Фенербахче, домашниот терен го искористи и Ференцварош кој со 1-0 триумфираше над Викторија Плзен.