![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/11/248219-skols-pesimist-junajted-kje-se-bori-za-opstanok-idnata-sezona.jpg?itok=4WHxc1Fn)
Сколс песимист: Јунајтед ќе се бори за опстанок идната сезона
Јунајтед е далеку од врвот на табелата во Премиер лигата, не помогна ниту менаџерската смена, но Сколс не смета дека нешто ќе се смени и идната сезона. Поради тоа, тој најавува борба за опстанок на „црвените ѓаволи“.
„Кога ќе ги видите претендентите за титулата, тоа се навистина квалитетни екипи. Ливерпул има одличен голман, супер стопер, играчи од средниот ред, напаѓачи... буквално се. Јунајтед нема ниеден квалитетен фудбалер на тие која било позиција. Потребен е нов голман, веројатно двајца стопери, двајца плејмејкери и двајца напаѓачи.
Јунајтед нема добра основа во тимот и ако нешто не се смени во текот на летото, можеби звучи смешно, но идната сезона ќе се бори за опстанок. Ви велам, ситуацијата е очајна“, смета Сколс.
Да биде иронијата поголема, Јунајтед последните години потроши премногу пари на засилувања, а ниеден од играчите не се покажа како лидер на тимот или барем на својата позиција. Само во времето на Тен Хаг се потрошени 600 милиони евра на засилувања, а екипата се наоѓа на 13. место на табелата со 27 бода помалку од лидерот Ливерпул.