Манчестер јунајтед претстави две засилувања (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед пред денешниот меч против Кристал Палас ги претстави новите засилувања, а тоа се Патрик Доргу и Ејден Хевен.

Хевен има само 18 години и доаѓа од редовите на Арсенал, а се очекува да биде големо засилување за иднината.

Доргу, од друга страна, доаѓа од Лече во трансфер вреден 30 милиони евра плус пет милиони во бонуси.