Ливерпул апсолутен рекордер - 100 милиони евра од Лигата на шампионите

Два дена по завршувањето на првата фаза од Лигата на шампионите, објавени се финансиските биланси на клубовите кои учествуваат во неа.

Убедливо на првото место е Ливерпул кој заработил 100 милиони евра како единствен со деветцифрена добивка, а воедно тоа е сума која до минатата сезона може само да се сонува бидејќи шампионот во ова натпреварување заработуваше меѓу 50 и 60 милиони евра. Сумата што ја доби Ливерпул можеше да биде и поголема, ако во последното коло играше комплетен на гости кај ПСВ бидејќи секоја победа носи два милиона евра.

Зад Ливерпул се Арсенал со 91 милион, Барселона со 90, Баер Леверкузен со 89, Атлетико Мадрид со 86 и Интер со 86 милиони евра.