Јувентус во Франција најде решение за одбраната

Дефанзивецот на Ленс, Кевин Дансо ќе стане нов играч на Јувентус, објавуваат денеска италијанските медиуми.

Според нив, Ленс се согласил својот фудбалер на позајмица за што ќе добие 2,5 милиони евра, плус потенцијални 1,5 милиони, а Јувентус ќе има можност летоска да го откупи неговиот договор. „Бјанконерите“ беа во потрага по дефанзивец по повредата на Калулу кој ќе паузира околу три недели, но во мошне незгоден момент, во период кога екипата има многу значајни натпревари.

Јувентус зимава го донесе и Ренато Веиго од Челси, како и Рандал Коло Муани од екипата на ПСЖ.