Ашковски од Турција се сели на Кипар

Според информациите на кипарските медиуми, македонскиот фудбалер, Стефан Ашковски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Етникос Ахна.

Ашковски во својата кариера собра и 35 настапи за македонската репрезентација, а во првиот дел од сезоната беше дел од турскиот Шанлиурфаспор за кого во првиот дел од сезоната настапи на 13 средби.

Низ кариерата Ашковски настапуваше за: Алашкерт, Ламија, Сепси, Ботошани, Славија Софија, Фортуна Ситард, Горник Лечна, Кајсери Ерчијеспор, Нови Пазар, Шкендија, Стромгодсет, Напредак, Доњи Срем, Партизан и Телеоптик.